Дачиќ: Нема да дојде до договор, бидејќи Приштина не сака

22.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дачиќ: Нема да дојде до договор, бидејќи Приштина не сака

До договор со Приштина нема да дојде, бидејќи Албанците тоа не го сакаат, оцени министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Тој рече дека разграничувањето на Косово не е идеја од вчера, и за тоа се зборувало години наназад. Дачиќ вели дека Србија во 2005 година имала понуда од меѓународните организации за поделба на Косово, пренесе „Б92“.

„Треба да се води мирна политика. Сигурен сум дека Приштина нема да прифати, но тие ќе бидат одговорни“, рече Дачиќ и додаде дека САД најмногу се залагаат за постигнување на договор.

Дачиќ образложи дека заложбите на САД се резултат на тоа што увиделе дека работата не е завршена.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата