Поради два сантиметри снег откажани летови во Лас Вегас

22.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поради два сантиметри снег откажани летови во Лас Вегас

Властите во САД донесоа одлука за затворање на главните собраќајници кои ги поврзуваат Лас Вегас, Лос Анџелес и Феникс за да го исчистат снегот. Иако необично за југозападниот дел на САД, во Лас Вегас и Лос Анџелес падна снег, кој за прв пат по десет години успеа да се задржи на тлото.

Националната метеоролошка служба на САД објави дека е забележана првата значајна количина на снег, која изнесува 2 сантиметри.

Снегот предизвикика потешкотии во воздушниот сообраќај, а откажани или пренасочени беа повеќе од 100 летови.

„Ние немаме соодветна механизација“, велат властите на аеродромот.

Во Невада, снежната бура донесе тенка снежна покривика па посетителите пред познатиот знак „Добредојдовте во Лас Вегас“ направија снешко.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата