ВМРО-ДПМНЕ: Тепани луѓе во притвор, како да живееме во Северна Кореја

22.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ВМРО-ДПМНЕ: Тепани луѓе во притвор, како да живееме во Северна Кореја

Вчерашниот ден ќе остане запаметен како црн ден за демократијата во Република Македонија. Власта го допре дното. Претепувањето на Миле и Спиро е акт на деспотизам и страв на власта која се плаши од неминовниот пораз од граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение по вчерашните инциденти во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

„Не помина еден ден откако ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека власта врши тортура и свесен линч и доказот за тоа го видовме вчера. Тепани и линчувани луѓе во притвор, како да се наоѓаме во Северна Кореја, а не на тлото на Европа“, оценува опозицијата.

Екс-министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ, како и сите граѓани кои се влечат по затвори врз основа на ‘рекла казала моабети’ и заради спротивни политички гледишта од оние на власта се жртви на политчки прогон.

ВМРО-ДПМНЕ бара премиерот Зоран Заев, министерката за правда, Рената Дескоска и директорите на Управата за извршување на санкции и притворскиот затвор „Шуто оризари“ да понесат одговорност веднаш.

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата