ДУИ е против намалување на платите за администрацијата

24.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДУИ е против намалување на платите за администрацијата

Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека за него и за ДУИ е неприфатлива мерката што ја предложи СДСМ за исплата на минимална плата во целата јавна администрација.

Одговарајќи на новинарски прашања, тој кажа дека ДУИ, сепак, се согласни за намалување на платата на функционерите.

„Јас сум подготвен да одам на намалена плата, но не само јас, ние како ДУИ ја поддржуваме мерката што се однесува на минимална плата за сите функционирани или именувани лица, но сме против да се оди на минимална плата за целата јавна администрација. Секако дека имаме наши предлози и би ги охрабрил сите стопански комори, НВО и експерти да достават соодветни предлози, затоа што ние мислиме дека има и други ставки во Буџетот каде што може да се скрати првично и да одиме фазно на тоа дека трошокот од оваа пандемија треба да го сносиме сите“, рече Бектеши.

Министерот додаде дека на вчерашната владина седница не се разгледувале предлозите на СДСМ.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата