Филипче нема од кого, па совети добивал од адвокатот НИКОЛА ТОДОРОВ

22.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Филипче нема од кого, па совети добивал од адвокатот НИКОЛА ТОДОРОВ

Во рамките на Комисијата за заразни болести има експерти и луѓе кои со години работат таму и за кои не знам каква им е политичката определба, изјави министерот за здравство Венко Филипче откако му беше поставено прашањето зошто опозициската ВМРО-ДПМНЕ го обвинува дека одбива да го користи знаењето на лекарите блиски до оваа партија.

– Мораме да го надминеме ова прашање за добивање политички поени, особено кога се работи за ваква работа, а тоа е јавното здравје. Секојдневно сме во комуникација и совети добивам од еден поранешен министер за здравство од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров, кој има експертиза од областа на епидемиологијата. Тоа ние го користиме за сосема соодветна комуникација, за размена на искуства и совети. Нема тука поделба на ниту еден доктор по политичка основа – истакна Филипче.

Инаку, Венко Филипче, денес кадар на СДСМ во владата беше советник во владата на ВМРО ДПМНЕ, токму на тогашниот министер за здравство Никола Тодоров кој, по професија, е правник. Засега, не е позната содржината и целта на советите од адвокатот Никола Тодоров

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата