Дескоска: СЈО ќе се спојува со ОЈО (ВИДЕО)

21.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дескоска: СЈО ќе се спојува со ОЈО (ВИДЕО)

Министерката за правда, Рената Дескоска во вечерашното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ изјави дека со новите два законски текстови кои веќе се готови, СЈО ќе биде дел од Основното Јавно Обвинителство. Таа додава дека законските текстови биле ставени на јавна дебата, а добиле и сугестии од странски експерти, па сега сметаат дека финалните законски решенија се најдобри.

„Во моментов изработен е текст во Министерството за правда, кој ги сублимира добрите решенија од едниот и од другиот закон и во неговите одредби се содржани одредби кои што го воспоставуваат СЈО како траен орган во системот на ЈО со одредени гаранции на нивна автономија бидејќи сепак мора да бидеме свесни дека системот кој што остана зад нас, кој што беше повод и причина за формирање на СЈО може да се врати било кога. Ние мора да имаме механизам кој ќе биде на некој начин против тежа на ЈО со цел да може да функционираме како држава која гради владеење на правото“, изјави министерката за правда, Рената Дескоска во вечерашното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Дескоска додава дека СЈО иако ќе биде дел од ОЈО сепак ќе има своја автономија и дека е ставена одредба со која ОЈО ги презема делата кои се однесуваат за сторени дела кои се од највисоките функционери.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата