Дескоска: Згрозена сум и најостро го осудувам физичкиот инцидент во затворот

21.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дескоска: Згрозена сум и најостро го осудувам физичкиот инцидент во затворот

Згрозена сум и најостро го осудувам вербалниот, а потоа и физичкиот инцидент во КПУ Затвор – Скопје, напиша на нејзиниот „Фејсбк“ профил, министерката за правда, Рената Дескоска.

Таа оцени дека насилството не е и не смее да биде начин на комуникација никаде, ниту во затворите.

Дескоска вели дека побарала целосно информирање од страна на управата на затворот и очекува надлежните институции професионално и одговорно да го расветлат случајот, а потоа да покренат постапки за санкционирање на сторителите на насилство, но, и на сите оние кои не презеле мерки за спречување на вакви ситуации.

Претходно денеска во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари дошло до тепачка во која биле вклучени екс-министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски. Јанакиески беше префрлен во болницата „8-ми септември“, а потоа вратен во затворот. Директорот на болницата, Христијан Костов предмалку изјави дека по прегледите кај Јанакиески не биле евидентирани повреди.

Спиро Ристовски и Миле Јанакиески од синоќа се во 30-дневен притвор бидејќи Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ги осомничи дека се дел од шестемина што ги организирале насилствата во Собранието на 27 април 2017 година.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата