Apple случајно на својот сајт прикажа четири нови iPad Pro модели

18.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Apple случајно на својот сајт прикажа четири нови iPad Pro модели

Доколку случајната објава на сајтот на Apple ја посматраме како индикација, наскоро не очекува освежена линија на iPad Pro уреди. На својата веб-страница во Кина, компанијата привремено прикажа четири нови iPad Pro модели. Ова брзо беше забележано од интернет медиумите, па скриншотовите се преирани пред прикажаните таблет уреди да бидат отстранети од Apple страницата за поддршка.

Интересно е дека два од четирите модели (A2228 и A2229) им одговараат на неодамнешните листинзи и сертификати кај EEC (Eurasian Economic Commission). Во минатото, EEC листинзите воглавно навестуваа скорешна објава на Apple производи.

Кога е во прашање она што може да се очекува од компанијата Apple, Минг Чи-Куп сугерира троен систем на камери со можности за 3D sensing. Дојавувачот Сони Диксон ова го потврди кон крајот на минатата година преку нацрти на 11-инчниот iPad Pro модел. Меѓутоа, најинтересните промени можеби нема да бидат на хардверско поле. Минатиот месец, во кодот на iPadOS 14 е забележана поддршка за маус, што значи дека iPad Pro би можел да биде промовиран како замена за лаптоп.

Останува прашањето кога Apple ќе ги претстави новите iPad Pro модели, а претходните извештаи споменуваа дека тоа ќе се случи најрано во текот на првата половина на 2020. година.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата