Костадинов: Сценаристи на инцидентот во затворот се Мицкоски и Груевски

21.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Костадинов: Сценаристи на инцидентот во затворот се Мицкоски и Груевски

Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов во врска со инцидентот во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари обвини дека сценаристи за тоа биле актуелниот и поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Никола Груевски.

„Мицкоски и Груевски очајно се обидуваат преку насилнички сценарија да ја дефокусираат јавноста поради вината за насилството од 27-ми април“, рече Костадинов.

Според Костадинов денешното инсистирање на Мицкоски да го посети Јанакиески во болницата „8-ми Септември“ е театар, а доказ за тоа е тоа, како што рече, е што Јанакиески не бил повреден.  СДСМ го осуди инцидентот и оцени дека сценариото на ВМРО-ДПМНЕ не успеало поради брзата реакција од страна на надлежните.

 

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата