Протече прес фотографија од Huawei P40 серијата

17.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Протече прес фотографија од Huawei P40 серијата

За десетина дена Huawei ќе ја претстави новата серија флегшип смартфони – P40. Во текот на онлајн настанот кој ќе се одржи на 26. март, Huawei ќе претстави три нови премиум уреди – P40, P40 Pro и P40 Pro Premium.

За наведените телефони досега дознавме многу детали, па дури и можните цени, кои оваа година ќе бидат уште повисоки, иако телефоните ќе пристигнат без поддршка за GMS сервисите. За спецификациите повеќе или помалку се знае, како и за дизајнот на телефоните. Но, за боите на куќиштата немаше информации.

Тоа сега одлучи да го исправи Еван Блас, објавувајќи прес фотографија на својот Твитер профил, која открива во кои бои ќе бидат достапни, новите флегшип уреди на Huawei. Иако на прва се чини дека се работи за еден уред, само во поинакви бои на куќиштето, тоа сепак не е така.

Ако подобро се загледате, ќе видите поианков број на камери на задната страна на куќиштето. Основниот модел P40 ги има три, средниот модел P40 Pro има четири, а топ моделот P40 Pro Premium пет. Според фотографијата, Huawei P40 и P40 Pro ќе може да се набават во шест различни бои – Silver, Grey, Orange, Black, Blue и Aurora, P40 Pro Premium во само две samo – Black i White.

Бидејќи P40 Pro Premium би требало да чини околу 1299 евра, разбирлива е одлуката да се оди со сигурни бои, бидејќи најверојатно ќе го купуваат постарите и посериозни корисници.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата