Samsung работи на 150MP Nonacell камера сензор

17.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Samsung работи на 150MP Nonacell камера сензор

Мобилниот камера сензор од 108MP на Samsung е претставен во август минатата година, а се појави на Galaxy S20 Ultra премиум телефонот. Сега гласините сугерираат дека јужнокорејската компанија развива нов сензор, со резолуција од 150MP.

Гласините споменуваат дека сензорот ќе користи Nonacell технологија, која ја имплементираше и Galaxy S20 Ultra ISOCELL Bright HM1 сензорот. Тоа значи дека ISOCELL системот може да комбинира девет пиксели од 1-инчниот сензор во еден голем пиксел, за да овозможи поостри фотографии, посебно во услови на послабо осветлување. Финалниот резултат ќе дава 16MP фотографии.

Се верува и дека, првиот смартфон што ќе го корсити овој сензор ќе биде премиум моделот на Xiaomi, кој ќе биде претставен во текот на четвртото тримесечје од оваа година. По него, сензорот ќе го добијат и премиум телефоните на компаниите Oppo и Vivo, во текот на првото тримесечје од следната година. Се очекува дека споменатите уреди ќе ги покренува Qualcomm Snapdragon 875 чипсет.

Гласините укажуваат на тоа дека Samsung ќе го развива овој сензор за своите партнери од Кина, а не е познато дали компанијата работи и на варијанта за јужнокорејските партнери.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата