Министерството за правда го осуди инцидентот во затворот во Шуто Оризари

21.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Министерството за правда го осуди инцидентот во затворот во Шуто Оризари

Министерството за правда упати остри осуди за денешниот инцидент во КПУ Затвор – Скопје, каде беа повредени екс-министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Од Министерството изразија очекување дека ќе бидат санкционирани  сторителите на насилството, но и на сите оние кои не презеле мерки за спречување на вакви ситуации.

Воедно, бараат и очекуваат сите надлежни институции да одговорат на највисоко професионално ниво во расветлувањето на денешниот настан.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата