Тој е единствен жив сведок на страотната несреќа во која животот го загуби Шбан Шаулиќ

21.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тој е единствен жив сведок на страотната несреќа во која животот го загуби Шбан Шаулиќ

Кумот на Шабан Шаулиќ, Слободан Стојадиновиќ е единствен преживеан во автомомилот во кој на 17 февруари настрада кралот на народната муџика и неговиот возач Мирсад Кериќ.

Во потресна исповед од болничка постела прозборел за јавноста изнесувајќи шокантни детали од сообраќајката.

Иако е во тешка состојба како последица од сообраќајката и се уште неможе да стане од кревет, тешко дише, неможе да се движи поради повреда на карлицата која му е пукната, сепак смогнал сили и со солзи и тивок глас раскажал за страотните моменти од несреќата.

“Шабан излезе од автомобилот, седеше на некоја ограда, се држеше за стомак или незнам каде. Рече дека му е лошо, го приклучија на апарти, видоа дека губи притисок но не знаева каде. Бидејќи немаше надворешно крвавење, знаева дека е внатрешно. Повикаа хелихоптер, кој слета, на апарати го однесоа во болница. Вчера ме посети дежурниот доктор кој беше на лице место да не згрижат и рече дека Шабан цело време бил при свест таквата ситуација“, заклучил кумот на Шаулиќ

Инаку, според резултатите од обдукција на Шабан Шаулиќ, спрема наводите на германските медиуми Шабан починал како последица од тешката сообраќајна несреќа која се случи на 17 јануари 2019 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата