Европската презентација на Realme 6 и 6 Pro закажана за 24. март

14.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Европската презентација на Realme 6 и 6 Pro закажана за 24. март

Realme од своето основање  во 2018. година оствари огромен раст, а ова секако придонесуваат големиот број уреди, кои компанијата ги објавува речиси од недела во недела.

Наскоро не очекува објава на нов телефон, а Realme 6i ќе биде претставен на 17. март. Ова е трет член на Realme 6 семејството и ќе биде најдостапен модел. Се очекува уред со MediaTek Helio G80 чипсет, 5000mAh батерија и главна камера од 48MP.

Една недела подоцна (24. март), Realme во Европа ќе ги објави Realme 6 и 6 Pro модели, на настан кој ќе биде пренесуван во живо. Се очекува дека ќе ја дознаеме цената и достапноста на овие смартфоните на пазарот на Европа.

Според наводите на компанијата Realme, X50 Pro 5G премиум телефонот ќе биде достапен во Европа од април.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата