OnePlus 8 и 8 Pro ќе бидат претставени на 15. април, OnePlus 8 Lite е одложен

14.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
OnePlus 8 и 8 Pro ќе бидат претставени на 15. април, OnePlus 8 Lite е одложен

OnePlus закажа настан за средината на април, во текот на кој ќе ги претстави своите нови премиум смартфони – OnePlus 8 и 8 Pro. Презентацијата ќе биде одржана онлајн поради пандемијата на COVID-19, а проблемите предизвикаа и одложување на развојот на новите уреди.

Изгледа дека OnePlus 8 е најмногу погоден од проблемите, така што се очекува дека објавата на првиот смартфон на компанијата со чипсет, кој не е Snapdragon (ќе користи MediaTek Dimensity SoC), ќе биде одложена за неколку месеци.

Дури ни ситуацијата со двата премиум телефони не е во целост јасна. Нивната објава се очекува за еден месец, но не е познато кога ќе станат достапни за корисниците. Ова ќе зависи од тоа колку брзо ќе се среди OnePlus производната база во Кина.

Знаеме дека OnePlus 8 телефоните ќе користат Snapdragon 865 чипсет, ќе имаат 120Hz екрани и нова тројна камера, а можеби ќе ја имплементираат и опцијата на безжично полнење.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата