„Нестле“ и неколку други компании ги повлекоа своите реклами од „Јутјуб““

21.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Нестле“ и неколку други компании ги повлекоа своите реклами од „Јутјуб““

„Нестле“ и уште неколку други големи компании ги повлекоа своите реклами од „Јутјуб“ откако еден видео блогер изрази загриженост дека педофилите ја користат платформата за размена на информации за видеа од девојчиња.

Во 20-минутното видео кое беше прегледано 1,9 милиони пати од неделата, блогерот Мет Вотсон објаснува дека делот за коментари на некои од видеата на „Јутјуб“, во кој се прикажани девојчиња што вежбаат гимнастика или јога, бил експлоатиран од педофили.

Самите видеа не биле направени со одредена намера, но некои корисници пишувале сугестивни коментари, истакнувајќи ги истакнаа моментите во кои девојчињата биле во „компромитирани пози“, објаснува Вотсон. Тој додава дека некои од видеата на платформата содржеле реклами за познати брендови како Дизни.

Од комапнијата „Нестле“ изјавија дека ќе го „паузираат“ своето рекламирање на платформата, откако некои од нивните реклами биле прикажани на видеа каде што биле направени нессодветни коментари.

„Епик Гејмс“, компанијата што ја направи популарната игра Фортнајт, го прекина рекламирањето на „Јутјуб“ и се обрати до Гугл/Јутјуб за да утврди мерки што тие ќе ги преземат за да да се елиминира овој тип на содржина од нивната платформа, изјави портпаролот на компанијата за игри.

Меѓу другите компании кои ги повлекоа своите реклами се „Др. Еткер“ и Дизни.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата