Сончево и топло, од утре за 10 степени постудено

21.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сончево и топло, од утре за 10 степени постудено

Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб, а попладне умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Утре во текот на денот ќе настапи зголемување на облачноста, попладне и во текот на ноќта со локални врнежи од дожд. а на планините од снег.

Поради спуштање на студена воздушна маса од север, врнежите во сабота ќе преминат во снег и на некои пониски места. За време на викендот ќе дува засилен, повремено силен североисточен ветер особено утре во текот на ноќта и во сабота кога на места ќе достигнува до 80 км/час. Температурата значително ќе опадне за 10 до 15 степени во споредба со денешната.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата