Вељановски: 10 години сум бил претседател на Собранието, каков организатор, срамота

20.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вељановски: 10 години сум бил претседател на Собранието, каков организатор, срамота

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски го напушти Судот. Тој дал исказ пред судијата и замина.

Пред Судот кажа дека не е бил организатор на насилниот упад во Собранието.

„ 10 години сум бил претседател на Собранието, каков организатор, срамота“ рече Вељановски.

На новинарско прашање дали чувствува вина за „крвавиот четврток“ Вељановски одговори: „Не“.

Обвинителството за организиран криминал бара притвор за Вељановски и за уште 4 лица. Во Судот се и поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски кој беше шеф на Републичкиот изборен штаб на ВМРО ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори во 2016 година.

Осомничени се и поранешниот премиер Никола Груевски кој побегна во Будимпешта и Никола Бошкоски, поранешниот разузнавач  кој побегна во Грција.

Доколку Кривичниот совет го прифати барањето на Обвинителството за притвор на Вељановски, најпрво ќе мора да заседава Комисијата за деловничко мандатни прашања која треба да одлучува за имунитетот на пратеникот.

Основното јавно обвинителство соопшти дека „наодите од предистражната постапка укажуваат дека осомничените на почетокот на 2017 година подготвиле и реализирале план со намера да оневозможат мирно примопредавање на власта“.

За таа цел ги организирале и материјално ги подржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето „За заедничка Македонија“ кои кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година – пишува во соопштението од ОЈО.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата