(Видео) Фризер прави бесплатни фризури какви што имаат Трамп и Ким

20.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Фризер прави бесплатни фризури какви што имаат Трамп и Ким

Во фризерница сокриена во една мала ханојска улица популарен фризер прави бесплатни фризури на своите постојани клиенти, какви што имаат американскиот претседател, Доналд Трамп, и на севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. Бесплатната понуда е во пресрет на самитот на двајцата лидери, кој ќе се одржи во Ханој, Виетнам.

„Многу луѓе ми велат дека личам на Ким Џонг-ун, особено со ваква фризура“, вели деветгодишниот Хај, кој доби прекар „Ун“ поради сличноста со севернокорејскиот лидер.

Тој не го крие задоволството за пристигнувањето на Ким Џонг-ун во Ханој, на самит со американскиот претседател и се надева дека ќе го види во живо.

Во Ханој владее воодушевување поради претстојниот самит на двајцата лидери, а фризерот Ле Туан Дуонг одлучи на своите постојани клиенти да им понуди бесплатна фризура „а ла Трамп“ или „а ла Ким“.

„Ханој е град на мирот. Со оглед дека Доналд Трамп и Ким Џонг-ун токму тука одлучија да разговараат за повторно воспоставување мир, помислив дека и јас можам да направам нешто за да покажам дека жителите на Ханој позитивно гледаат на одржувањето на самитот“, рекол Дуонг.

Според него, фризурата на Ким ја оддржува младоста, а на Трамп силата.

„Но меѓу моите клиенти многу популарна е фризурата на Ким“, вели фризерот.

Сепак, има и такви кои сакаат да ја имаат бојата на косата на Трамп.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата