Со специјална камера снимени се моментите на ужас: Германската полиција има молба за сведоците на сообраќајката во која загина Шабан

20.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Со специјална камера снимени се моментите на ужас: Германската полиција има молба за сведоците на сообраќајката во која загина Шабан

Полицијата на округот Билфилд ги замолила очевидците на несреќата во која загина Шабан Шаулиќ да се јават како би сведочеле за судирот, во кој настрада легедната на народната музика. Тамошната полиција истакнува дека возачот на „маздата“ не само што немал возачка и сообраќајна дозвола, туку немал ниту пријавено место на престој, така што неговото престојувалиште е непознато.

Државото обвинителство на германската сојузна покраина Северна Рајна Вестфалија, на чија територија загина Шабан, ангажирала експерти кои треба до детали да ги разјаснат поединостите од стравичниот судир.
Службата за борба против криминалот снимила дел од автопатот А2 на кој се случила несреќата со специјална сфера камера 3Д технологија. Оваа снимка ќе овозможи комплетна веродостојна реконструкција на трагичниот настан, ветуваат надлежните.

Според пишувањата на весникот Ноје Вестфелише, проширената истрага која ја наложило обвинителството, треба да пружи и одговор на прашањето како и зошто дошло до тоа возачот на маздата воопшто да се најде зад воланот на возилото, чиј сопственик не е тој.

Истиот весник донесува и опсежна анализа за автопатот А2, кој е окарактеризиран како сообраќајница со висок ризик.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата