Семејството на Шабан откри детали за погребот

20.02.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Семејството на Шабан откри детали за погребот

Кралот на фолк музиката Шабан Шаулиќ ќе биде погребан во алејата на заслужните граѓани во Србија. Датумот и времето се уште не се познати, а семејството резервирало три термини, во зависност од пренесувањето на телото во родната земја.

За утре е закажана комеморација во чест на пејачот, а во Германија во моментов се наоѓаат неговата постара ќерка и син кои вчера го идентификувале телото на нивниот татко.

Семејството на Шабан на денот на неговиот погреб ќе ја исполнат неговата најголема желба, а тоа е да го закопаат со неговиот качкет кој многу сакаше да го носи.

-Шабан секогаш му говореше на своето семејство: Ако умрам да ме погребете со качкет на главата, тоа му беше голема желба. Гога и нејзините деца сметаат дека треба да му ја исполнат оваа желба и тој ќе биде испратен на вечното почивалиште со качкет на главата, вели избор близок до семејството за српски Пинк.рс.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата