Во сенка на соседското дерби во Скопје, денеска во рамките на 21.коло во ПМФЛ, се игра и мечот во Струга, каде домашниот тим на Сруга Трим Лум го дочекува Силекс, тим кој што игра во страшна форма сезонава. Момците на тренерот Јетон Беќири по двата стартни порази, мораат, ама баш мораат по секоја цена денеска да победат. Секој друг резултат освен нивна победа ќе биде лошо за Струга Трим Лум. Во случај на трет пролетен неуспех тогаш и дефинитивно ќе влезе во „лонецот“ со екипите кои се борат жестоко за опстанок.

Силекс пак во Струга гостува растоварен од секаков притисок. Кратовци  знаат што можат, свесни се за своите квалитети, немаат никакви проблеми, единствено Ивановски ќе биде во „аут“ поради суспензија. Денеска покрај Охридското езеро, на Градскиот стадион во Струга, секако дека на потег е тимот на Трим Лум.