Француски Монпеље, попладнево (17:30 часот) е последниот тим кој ќе му гостува на Вардар во рамките од групната фаза во Лигата на шампионите. Двата тима трета сезона во низа се соочува меѓусебно во најсилното европско клупско натпреварување, а почитта е голема, иако Французите се свесни дека европскиот првак е во тешка позиција.

„Ситуацијата во Вардар е непознаница за нас, но би сакал да се фокусирам на нас. Побарав од играчите на секој меч да го дадат најдоброто од себе и да играме на секој натпревар силно и без изговори. Мое е таа сила да ја насочам правилно, како на дуелот со Веспрем кога игравме добро и многу трчавме, можеби тоа ќе ни треба и против Вардар. Тие се наоѓаат во сосем поинаква ситуација од претходно, но тие се горд тим, играат на домашен терен, имаат победнички менталитет и без разлика на заминувањата играат на високо ниво“, изјави тренерот на Монпеље, Патрис Канаје.

Французинот се радува и на полната арена во Скопје.

„Обожувам таква атмосфера за игра, со полна сала. На гостувањата кај Вардар уживам исто како на гостување кај Кил, навивачи, полни трибини и убав амбиент за игра.“