Во пресрет на 70.соседско дерби меѓу Вардар и Работнички, нашите најтрофејни клубови, како никогаш досега еден од овие два тима бил апсолутен фаворит. Секако дека тоа е лидерот, кој оваа сезона игра во одлична форма, и маршира кон титулата. Вардар и според квалитетот, и според формата, но и според амбициите би требало денеска да победи. Така велат и коефициентите во обложувалниците. За триумф на лидерот, MOZZART дава квота од 1.40, додека за победа на Работнички дури 8.00. За реми коефициентот е „само“ 4.10. Овие квоти кажуваат кој е кој во моментов во макфудбалот.

Но, има едно но, и тоа секогаш кога играат Вардар и Работнички. Имено традицијата вели дека често се случува да има изненадувања, да, кога играат овие две екипи, резултатот на крајот од дербито да биде изненадувачки. Не треба да се трошат зборови за четата на Васоски. Тука се Аврамовски, Цветановски, Брдаровски, Гачевски, Леовигалдо и останатите, но и Работнички, кој се бори пак за својот гол живот, има адути во младите Тошевски, Тодоровски, тука се и репрезентативецот Шишковски, потоа Петковски, Силјановски, Херера и другите. Во секој случај Работнички со Достаниќ е нешто сосема друго за разлика од есенскиот дел. Ќе биде тоа голема, жестока битка за секоја педа од теренот на Арената.

Што се однесува до традицијата, таа вели дека во изминатите 69 меѓусеби мечеви, Вардар победил на 31, Работнички пак има 23 триумфи, реми завршиле 15 средби. Гол разликата е 90:73 за Вардар. На последните четири соседски дербија Вардар се радувал во три наврати, само еднаш мечот завршил без победник. Работнички последен пат славел триумф на 22 ноември 2018 година и тоа со 1:0 со голот на Оливер Пеев, меч кој се играше на „Борис Трајковски“ во Маџари.