Голманот на Лидс јунајтед Кико Касиља е прогласен за виновен во случајот со расистичко навредување на играч од противничкиот тим и доби жестока казна од ФА на Англија.

Касиља на расна основа го навредувал играчот на Чарлтон Џонатан Леко. Комисијата на ФА на Англија го казни шпанскиот голман на осум натпревари и 60,000 фунти.

Така Лидс го загуби првиот чувар на мрежата во решавачките битки за пласман во Премиер лигата.