Викендов сепак ќе се игра фудбал во Македонија, но без публика Така одлучи Владата на оваа држава, и тоа поради Коронавирусот. Се разбира дека фановите се гневни, а „комитите“, „шверцерите“, но и некои други навачки групи излегоа и со соопштенија. Во нив стои дека оваа одлука е смешна, дека фудбалот се игра за публика а не пред празни трибини. Да потсетиме во Скопје се игра соседското дерби меѓу Вардар и Работнички, на Чаир домашниот Шкупи ја дочекува Ренова, потоа под Шара шампионот игра со Македонија ЃП, во Штип пак дербито на Втората лига меѓу Брегалница и Кит Го, во Струга се среќаваат езерските ривали Лабуништа и Охрид. На сите овие мечеви ќе имаше најмалку по 2.000-3.000 гледачи, ќе имаше убава фудбалска атмосфера. Но сега ќе ја нема, ќе се игра пред празни трибини.