Раководството на Баерн Минхен им забрани на играчите делење на автограми и фотографирање со навачите како дел од претпазливите мерки од коронавирусот.

Брзото ширење на вирусот на европско тло ги принуди челниците на минхенскиот клуб да постават забрана.

“По лекарска препорака, раководството на клубот одлучи да им забрани на играчите да потпишуваат автограми, како и да прават селфи со фановите. Бараме разбирање од навивачите и од сите посетители на тренинзите на нашиот тим”, стои во соопштението на клубот.

Баерн не е единствениот кој превзема мерки. Во Англија, Њукасл и Вест Хем им забранија ракување на играчите, а лондонскиот клуб им обезбеди и антибактериски гелови.