Продолжува еден кризен период за Херта, тимот кој што потроши најмногу пари за засилувања во зимскиот преоден рок. Меѓутоа тимот од Берлин очигледно дека игра под очекувањата. Под минатонеделниот пораз од Келн на домашен терен од 5:0, вечерва Берлинците можеа да бидат катастрофално поразени и од Фортуна Дизелдорф. Домашниот тим имаше неверојатни 3:0 на полувремето.

Меѓутоа кога се чинеше дека ќе видиме нова катастрофа од „сино-белите“, тие дојдоа до три гола, и се спасија, односно освоија бод играјќи 3:3. Автогол на Томи, Куња и Пјонтек од пенал ги спаси берлинците од катастрофа и продлабочување на кризата.