Сенегалскиот фудбалер Гуране Н’Дав призна дека се преставувал помлад во текот на играчката кариера.

Играчот од дефанзивниот дел од средниот ред играше во Франција, Шпанија и Англија, а во моментов е член на шестолигашот Алгранже во Франција, и наводно има 35. години. Призна дека е постар, но не откри колку.

„Во Сенегал 99% играчите лажат за годините. Играчите од мојата земја се ниски и кога со 20 одат во Европа, со 15 веќе гледаат дека се многу посилни од нив. Како и сите, и јас лажев за годините за да станам професионалец. Кој тоа нема да го направи, не може да игра во Европа“, рече Н’Дав.

Тој одигра 41 меч за селекцијата на Сенегал.