Промотор на Тајсон Фјури, Френк Варен, откри дека третиот натпревар помеѓу британскиот боксер и Деонтај Вајлдер ќе се одигра во јули, и истиот најверојатно нема да биде во Велика Британија.

Фјури неодамна го совлада Вајлдер и стана нов шампион во тешка категорија. Немаше победници на првиот меч меѓу нив во декември 2018 година, бидејќи борбата заврши со контроверзно реми, иако Фјури според многумина беше подобар.

„Деонтај сè уште не ја активирал клаузулата во неговиот договор за реванш, но тој јасно стави до знаење дека ќе го стори тоа наскоро. Не се сомневам во тоа. Ако имаме реванш, би сакал да биде во Велика Британија, но во моментов е закажан за Лас Вегас во јули“, потврди Варен.