Заев: Мојата чесност можете да ја видите од пораките што сум му ги пишал на Боки13 (ВИДЕО)

28.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев: Мојата чесност можете да ја видите од пораките што сум му ги пишал на Боки13 (ВИДЕО)

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашниот дуел со Христијан Мицкоски ги посочи СМС пораките кои беа презентирани во случајот „Рекет“, а тој му ги пратил на Бојан Јовановски.

-За чесноста може да видите од пораките што сум му ги пишал на Боки 13. Му велам дека ќе биде пријавен, дека мора да одговара, дека тоа е рекет. Кристално правилен начин како треба да постапи еден одговорен политичар. Пред 11 години беше мисловна именка вака да се пријави некој ваков случај. Порано да имало таков однос од политичарите, ситауцијата немаше да стигне до тука, рече Заев.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата