Заев: Вложуваме во народ а не во споменици! Мицкоски: Си имате проблем со ТЕТО зошто ваши луѓе правеле криминал (ВИДЕО)

28.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Заев: Вложуваме во народ а не во споменици! Мицкоски: Си имате проблем со ТЕТО зошто ваши луѓе правеле криминал (ВИДЕО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашниот ТВ ДУЕЛ во емисијата “Само вистина“ на Канал 5 телевизија, обвини дека СДСМ и Зора Заев имале проблем со ТЕТО бидејќи како што рече тој денеска има најголема коруптивна афера со термо електричната централа ТЕТО.

- Јас сум бил од октомври и во јануари, кога сите набавки биле завршени, а надвор имало минус 29 степени, за да вие можете да уживате во привилегиите на електрична енергија сме морале да набавиме бидејќи таа била цената на електричната енергија. А знаете ли зошто? Затоа што некој друг манипулирал во тоа време со ТЕТО, кое што денеска е главна афера и денеска има најголема коруптивна афера со термо електричната централа ТЕТО, ете затоа, вели Мицкоски.

Од -1,8 денес имаме раст од 3,6 отсто раст на економијата, покажавме дека имало пари за се во државата, докажавме дека со рационално работење може да има пари за поголеми пензии кои сега се за 1.800 денари повисоки. Денеска вложуваме во народот во иднината и сите тие вложувања ја зголемува просечната плата за над 4.000 денари, а минималната плата за 5.500 денари. Ние не фрламе пари за споменици туку за граѓаните, порача претседателот Зоран Заев во вечерашното ТВ соочување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија. Овен раст на платите, ги намалуваме и трошоците преку укинување на радиодифузната такса, со евтината тарифа на струјата, преку намалување на трошоците, но и директно враќаме пари кај граѓаните преку мерката Мој ДДВ. Вложуваме во народот и тоа ќе продолжиме да го правиме, заврши Заев.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата