Мицкоски до Заев: Вие ги крадете државните пари, каде завршија останатите 13.5 милиони евра за капитални инвестиции

28.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски до Заев: Вие ги крадете државните пари, каде завршија останатите 13.5 милиони евра за капитални инвестиции

Проблемот е кога вие ги крадете парите. Долгот е зголемен за точно 830 милиони евра, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ТВ дуелот со првиот човек на СДСМ, Зоран Заев на Канал 5 телевизија.

„Каква е реалноста, најновите податоци од јануари месец ќе видите дека капиталните трошоци изнесуваат точно 397 милиони денари, тоа се капитални трошоци кои што државата вложувала нели како што вели гради, се грижи за младите и тоа е 1,67% од планираното за 2020 година, што е 6,5 милиони евра. Од друга страна, дефицитот тоа е онаа бројка којашто отсликува повеќе потрошено отколку прибрано во буџетот е еднаков на 6,98% , затоа што и буџетот се полни со 7% од она што било планирано за 2020 година. Тоа значи дека 1 милијарда и 213 милиони денари, односно 20 милиони евра, а за капитални инвестиции од нив се потрошени точно 6,5 милиони. Прашањето е каде завршија останатите 13,5“, потенцираше Мицкоски.

Претседателот Мицкоски нагласи и дека и ако го погледнеме извештајот за реализација на буџетот од јануари ќе видите дека тој за 5% послабо се полни од тоа што е предвидено и најголемо потфрлање имаме кај данокот на добивка и кај персоналниот данок на доход.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата