Мицкоски до Заев: Проблемот е кога ВИЕ КРАДЕТЕ ПАРИ (ВИДЕО)

28.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски до Заев: Проблемот е кога ВИЕ КРАДЕТЕ ПАРИ (ВИДЕО)

Проблемот е кога вие ги крадете парите. Долгот е зголемен за точно 830 милиони евра или 757 илјади секој ден или 31 илјада секој час додека седиме ние и дебатираме повеќе од  65 000 евра господине Заев ја задолживте оваа држава во овие 2 часа, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ТВ дуелот со Зоран Заев на Канал 5 телевизија. 

Мицкоски истакна дека од планираните 20 милиони евра потрошени се точно 6,5 милиони и прашањето е каде завршија останатите 113,5 милиони евра. 

„Каква е реалноста, најновите податоци од јануари месец ќе видите дека капиталните трошоци изнесуваат точно 397  милиони денари, тоа  се капитални трошоци кои што државата вложувала нели како што вели гради, се грижи за младите и тоа е 1,67% од планираното за 2020 година, што е 6,5 милиони евра  Од друга страна дефицитот тоа е онаа бројка која што отсликува повеќе потрошено отколку прибрано во буџетот е еднаков на 6,98% , затоа што и буџетот се полни со 7% о она што било планирано за 2020 година Тоа значи дека 1 милијарда и 213 милиони денари, односно 20 милиони евра, а за капитални инвестиции од нив се потрошени точно 6,5 милиони. Прашањето е каде завршија останатите 13,5“ потенцираше Мицкоски.

Тој нагласи и дека и ако го погледнеме извештајот за реализација на буџетот од јануари ќе видите дека тој за 5% послабо се полни од тоа што е предвидено и најголемо потфрлање имаме кај данокот на добивка и кај персоналниот данок на доход.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата