ЕК: Турција не соопшти дека ќе ја смени политиката за мигрантите

28.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕК: Турција не соопшти дека ќе ја смени политиката за мигрантите

Европската комисија соопшти дека Турција официјално не ја најавила промената на својата политика кон мигрантите и додава дека очекува Анкара да се придржува кон обврските прземени за контролата на протокот на мигрантите во ЕУ.

„Сакам да нагласам дека од турска страна немаше официјално соопштение за какви било промени во политиката за барателите на азил, бегалците или мигрантите. Што се однесува до нас и понатаму на сила е Договорот за бегалците меѓу Турција и ЕУ од 2016 година и очекуваме Турција да ги исполни обврските од договорот“, изјави Петер Стано, портпарол на ЕК.

Тој најави разговори во следните денови со турската страна.

Според договорот, Турција доби шест милијарди евра за барателите на азил и за финансирање хуманитарни проекти.

Анкара ја намали контролата, односно одлучи веќе да не ги запира бегалците од Сирија, кои по копно и море се обидуваат да стигнат во Европа.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата