Мицкоски до Заев: Вие го разочаравте идеалот за Македонија

28.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски до Заев: Вие го разочаравте идеалот за Македонија

- Најпрецизно ќе го кажам поддржувам она што е добро за двата народа, за македонскиот и бугарскиот го поддржувам и секогаш ќе поддржувам културна, економска-образовна соработка сето тоа кое се темели на принципи и вредности и обострано почитување. Самиот Господин Заев рече комисите договараат и преговараат за Кирил и Методиј знаете зошто, затоа тоа се словенски просветители. Еве да ги прашаме зошто не договорија за Илинденското Востание, за Дамјан Груев, зошто не договорија за Гоце Делчев и за останатите? Затоа што дрвото е грешка посадено и грешно ќе изрти. Тоа е суштината, ова го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешниот дуел.

Тој во своето гостување посочи дека Зоран Заев ќе остане запаметен како човек кој што го предаде идеалот на сопствената нација, на сопствениот народ и на сопствената држава.

- Моја должност како лидер на опозицијата, како граѓанин на ова држава е да навлезам во секој договор кој што може утре-задутре и јас да бидам тој кој што ќе има импликации позитивни или негативни. Јас сум должен да ви кажам и да ви укажам а предавството како што тогаш ве гледав во клубот на пратеници и ви велев: „Зоране немој Илинденска затоа што ова е првиот чекор кон нешто многу полошо, ќе прифатиш еднаш промена на Устав и потоа нема крај, нема назад. Што ме убедувавте? Не, ова е тоа, ако ова не биде, друго не прифаќам, ова го истакна претседателот Мицкоски во своето гостување.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата