МИЦКОСКИ: ЕУ И НАТО НЕ ПРАВАТ ПАКТ СО КРИМИНАЛЦИ! ЗАЕВ: НИЕ ЈА ВНЕСОВМЕ ЗЕМЈАТА ВО НАТО (ВИДЕО)

28.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МИЦКОСКИ: ЕУ И НАТО НЕ ПРАВАТ ПАКТ СО КРИМИНАЛЦИ! ЗАЕВ: НИЕ ЈА ВНЕСОВМЕ ЗЕМЈАТА ВО НАТО (ВИДЕО)

Еве ве гледам  во очи  и  ви  кажувам  се ќе сторам како  претседател на ВМРО- ДПМНЕ се што е во моја моќ ке сторам тоа да се случи  поскоро и  ќе зборувам со господинот Јанша и со господинот Орбан и со господинот Курц и со Пленковиќ со сите премиери на држави кои што се членки  на Европската Унија да се даде затоа што тој датум не е привилегија ниту наХристијан ниту на Заев - нагласи Мицкоски.

Мицковски во понатамошната дискусија директно му посочи на Зеав дека тие не пакт со криминалци не прават.

- Пакт со криминалци тие пакт не прават,пакт со  Луј Витон торби тие не прават- заклучи  Мицкоски.

- Имам разбирање за голото политиканство и дека целите на Мицкоски не се интерес на државата и на сите граѓани и затоа цело време блокираат, бојкотираат, за на крајот да гласаат за ратификација за проктолокот за на НАТО нагласи претседателот на СДСМ Зоран Заев на дуелот со првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Но, можам да замерам дека кога цела Северна Македонија апладауираше, целиот народ го поздрави членството во НАТО, аплаудираше, Мицкоски не можеше да смогме сили и да ракоплекса за тој свечен историски чин за исполнување на нашата стратешка цел, по ратификацијата на протоколот за членство во НАТО, му порача Заев на Мицкоски, додавајќи дека граѓаните ја препознаваат циничноста на Мицкоски и таков ќе биде резултат на изборите.

Заев истакна дека од самостоноста сме определени за ЕУ и НАТО, но оваа влада на СДСМ имаше храброст, мудрост да се изјајдат решенија да ја доведат земјата да ја исполни својата страртешка цел. Не беше далечна 2001. Кога мајки губеа свои деца, а сега членот 5 од договорот на НАТО ја гарантира безбедноста, стабилнсота, трајниот мир. НАТО тоа значи прогрес, повисок стандард, повеќе инвестиции, владеење на правото, истакна Заев.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата