Салцбург не успеа да направи чудо и да го елиминира Ајнтрахт Франкфурт во Лигата на Европа. И покрај водството од 1:0 во 10. минута преку Улмер, Силва израмни во 30. минута и тука се знаеше дека тешко ќе дојде до чудо.

Трошка надеж за пласман понатаму донесе Онгуене за 2:1, но дефинитивно Силва стави точка во 83. минута.

Мечот вчера беше одложен поради невреме. Ајнтрахт Франкфурт ќе игра против Базел во 1/8 финалето по денешната ждрепка во Нион.

Првиот меч заврши 4:1 за германскиот тим.