Мицкоски за Димитров: Сум го приметил како потскокнува околу Груевски (ВИДЕО)

28.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски за Димитров: Сум го приметил како потскокнува околу Груевски (ВИДЕО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на ТВ дуелот со Зоран Заев истакна дека додека Грција испраќа вербални ноти до Македонија, владата на СДСМ и Димитров кој претходно  потскокнуваше околу Груевски не реагираа кога Грција го приватизираше името Macedonia The Great  и затоа државава се наоѓа на оваа позиција во која што е денеска.

„Дали господине Заев, вие како тогашен премиер на владата испративте посериозен документ нота кога согласно делот 1, член 1, точка 2, каде што стои во врска со погоре наведените термини за комерцијална намена, трговските марки и заштитни знаци, дали се знае како тоа се регулира и се формира меѓунарoдна експертска група која што ќе ја сочинуваат претставници од двете држави. Кога нашиот јужен сосед го приватизираше име Macedonia The Great со GR“ изјави Мицкоски

Тој истакна додека владата на СДСМ и Димитров не реагира на грчките провокации, Македонија добива вербална нота, што е најнизок степен на дипломатско протестирање.

„Господинот како што вие го нарекувате Димитров, кој што патем речено 9 години беше со Груевски, околу него или до него, јас често пати сум го забележувал како потскокнува отколку него, но нејсе, тоа е ваш проблем, ние примивме вербална нота а тоа е најнизок степен на дипломатско протестирање, од страна на нашиот јужен сосед.“ потенцираше Мицкоски

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата