Мицкоски КОНКРЕТНО ДО ЗАЕВ: Имам нешто во џеб да го извадиме, ДА ОДИМЕ ДО КРАЈ (ВИДЕО)

28.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски КОНКРЕТНО ДО ЗАЕВ: Имам нешто во џеб да го извадиме, ДА ОДИМЕ ДО КРАЈ (ВИДЕО)

Каков ли ас чува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот џеб? Ова прашање се отвори откако лидерот на опозицијата посегна по својот телефон во живо во дебата со Зоран Заев. Тој потенцираше дека има нешто во џебоѕ и запраша ако се оди до крај да го извади својот адут. Заев видно вознемирен ретерираше за да го спречи Мицкоски.

- Оти и јас имам нешто во џебе ако вадиме да одиме до крај, вели Мицкоски.

- Еве ви го телефонот, барајте го вашиот шеф од Будимпешта да ви каже каков став да заземете. Немате став за ништо, му рече Зоран Заев на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Мицкоски пак му возврати на Зоран Заев дека тој треба да му пише порака бидејќи имал информации и сознанија дека неколку пати до сега Заев му праќал пораки на поранешниот премиер Никола Груевски.

Пишете му вие порака. Имам и јас некои работи во џеб, но водителот не предупреди дека не смееме да ги извадиме во јавност во текот на дебатава, додаде Мицкоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата