Мицкоски: Иницирав и така бидна - да го ратификуваме Договорот за влез во НАТО предвреме (ВИДЕО)

28.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски: Иницирав и така бидна - да го ратификуваме Договорот за влез во НАТО предвреме (ВИДЕО)

Иницирав јас од партиска говорница да го ратификуваме Договорот за влез во НАТО предвреме и тоа така се случи, се изгласа пред распуштање на Собранието. А реалноста која мора да ја живееме е резултат на капитуалнтскиот договор со Грција на Заев, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на дуелот на телевизија Канал 5 со лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Мицкоски посочи дека никаде во Договорот не стои како треба да ја именуваме Македонија. 

-Тоа е таа реалност. Каде во Договорот стои како да ја нарекуваме македонија. Нема нова табла во министерството за труд и социјала каде беше министер Рашела Мизрахи, како и во министерството за образование. Тоа што го направија со разрешување на Мизрахи беше груба провокација кон ВМРО-ДПМНЕ, Мизрахи достоинствено се однесуваше за време на разрешувањето кое беше брутално, посочи Мицкоски. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ појасни што е предвидено во Договорот 

-Употребата на името ќе започне при отворањена секое поглавје во релевантното поле. Тоа е предвидено, не знам зошто брзате со промена и си со менување на имињата, рече Мицкоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата