Мицкоски: Тој што ја отвори вратата на 27 април е амнестиран ОТИ МУ ТРЕБАА ГЛАСОВИ НА ЗАЕВ (ВИДЕО)

28.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски: Тој што ја отвори вратата на 27 април е амнестиран ОТИ МУ ТРЕБАА ГЛАСОВИ НА ЗАЕВ (ВИДЕО)

Вие го имате човекот кој што ја отвори вратата амнестиран. Зошто? Затоа што му требал на господинот Зоран Заев. Е тоа е проблем тоа е за мене суштински проблем. И сега се прашуваме зошто е тоа така и зошто судството не ни е функционално и зошто сме 106-ти на скалата за перцепција на корупција и имаме хибриден режим и зошто луѓето си одат кажа лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на дуелот на телевизија Канал 5 со лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Според Христијан  Мицкоски тој што ја отвори вратата на 27 Април е амнестиран затоа што му требале гласови на Заев. 

„Тој што ја отвори вратата е невин а останатите се виновни. Зошто? Затоа што му треба на господинот  Заев . Вие се помиривте со тој што ја отвори вратата затоа што ви требаше, затоа што човекот го уценивте го држевте заробеник дома а потоа го уценувавте за да го  ослободите за да дојде во парламентот во 8,9 навечер да гласа. И овие процеси господнине  Заев еден ден  ќе имаат завршница, ќе имаат завршница“ потенцираше Мицкоски.

Јас бев нападнат, со лузни сум на челото, и вие треба да се срамите од тоа, му рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на својот политички опонент Христијан Мицкоски, на денешната ТВ дебата на Канал 5.

– Во толпата на 27 април луѓето сакаа да ме убијат. Вие бевте советник на Груевски во тоа време. Вие самиот бевте во толпата и треба да се срамите – рече Заев.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата