Мицкоски: Треба да сте свесни дека ЕДИНСТВЕН АБОЛИЦИРАН КРИМИНАЛЕЦ сте Вие г-дине Заев (ВИДЕО)

28.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски: Треба да сте свесни дека ЕДИНСТВЕН АБОЛИЦИРАН КРИМИНАЛЕЦ сте Вие г-дине Заев (ВИДЕО)

Обвинители и судии се први соработници на Зоран Заев и тоа јасно се докажа во аудио материјалите кои пред неколку дена излегоа во јавноста, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашниот дуел со  Зоран Заев на Канал 5 Телевизија. 

„Единствен аболициран криминалец во оваа држава е Зоран Заев. Иако попусто сакате да им го закачите тој епитет на луѓе од раководството на ВМРО-ДПМНЕ, сепак треба да сте свесни дека единствен аболициран криминалец сте Вие г-дине Заев”, вели Мицкоски.

Мицкоски истакна дека Зоран Заев е човекот кој напразно пробува да користи празни флоскули од типот на некаков режим, поради тоа што тој самиот користи најголеми привилегии и придобивки од периодот на владеење на минатата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Матрицата на СДСМ и Зоран Заев е истата од пред неколку години. Единствено нешто кое константно го зборуваат е г-динот Груевски кој скоро 5 години не е премиер во државата и бараат алиби за своите неуспеси позади ликот на човек кој воопшто не е во државата. Зарем не е лицемерно да се зборува за човек во чиј Мерцедес се возите и за кој бескрупулозно ја лажевте јавноста дека не го користите возилото“ потенцираше Мицкоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата