ЗАЕВ ЗА „РЕКЕТ“: И јас можев да го заташкам случајот. Од кај да знам дали има записник дека сум пријавил (ВИДЕО)

28.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЗАЕВ ЗА „РЕКЕТ“: И јас можев да го заташкам случајот. Од кај да знам дали има записник дека сум пријавил (ВИДЕО)

Претседателот на СДСМ Зоран Заев, во вечерашната дебата на Канал 5 телевизија во однос на случајот „Рекет“ изјави дека сам лично го пријавил случајот на 22 април годинава пред државниот обвинител Љубомир Јовевски и шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, согласно законите.

- Можеше и Зоран Заев да ги заташка случаите како порано што се правело. Зоран Заев го пријави случајот 22 април пред државниот обвинител и обвинителот за гонење на организиран криминал.Колку е чесна поставеноста во овој случај може да се види со читање на записниците од рочиштата, што точно сум кажал на Боки 13. Дека ќе биде пријавен дека ќе сноси одговорност, дека тоа е криминал, има други разговори кај што велам дека мора да си пријават. Јас сум тој што го пријави случајот. Не може случај кој преставува корпус деликти, кристално чиста работа како се пријавува случај, без разлика што се работи за медиум, да биде оспорено. Тоа е државата за која се бориме, а не да ги штитиме криминалците, вели Заев.

Заев не кажа дали има записник од неговото пријавување. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата