Мицкоски:Регистриран е првиот случај на коронавирус и е лошо е што воопшто се дозволи да дојде до тоа бидејќи превентивата затаи

28.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски:Регистриран е првиот случај на коронавирус и е лошо е што воопшто се дозволи да дојде до тоа бидејќи превентивата затаи

Со ставови за актуелната состојба со коронавирусот и неговото евентуално влијание на одржувањето на предвремените парламентарни избори почна вечерашниот ТВ дуел на лидерите на владејачката СДСМ Зоран Заев и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кои најавија дека ќе носат одлуки за партиските изборни активности во зависност од развојот на ситуацијата и порачаа дека граѓаните се пред партиските агенди.

Според Заев, власта се справува соодветно со состојбата, а за Мицкоски, превентивата затаила.

Заев верува дека определениот период за неодржување јавни масовни собири ќе заврши, како што е утврдено до 6 март, и истакнува дека ќе се следат светските трендови и како ќе се развива систуацијата.

– Првин, многу е важно народот да биде спокоен, државата е организирана. Секако, важно е, пред се, државата,  граѓаните, а после тоа се политичките партии и нашите агенди кои ги имаме во пресрет на изборите, рече Заев,  посочувајќи дека се уште е многу рано да се зборува за  редуцирање на партиски активности.

Да ја следиме работата, да видиме дали ќе имаме или не нови случаи, па согалсно тоа ќе ги димензионираме нашите одлуки за јавни настапи, дополни Заев.

Мицкоски, пак, рече дека нема индиции дека состојбата со коронавирусот ќе влијае на партиската агенда и истакна дека е важно да не се дозволи да ескалира. Тоа е она на што треба да се фокусираат надлежните органи. Изборите во овој случај се секундарни, важно е здравјето на граѓаните, рече Мицкоски и додаде дека според него, најважно е да не се крева паника

– Регистриран е првиот случај и е лошо е што воопшто се дозволи да дојде до тоа бидејќи превентивата затаи, иако имаше обиди да се разговара со јавноста на таа тема. Точно, никој не очекува да се справиме веднаш и  веднаш да го превенираме, важно е да останаме присебни, да не се крева паника, бидејќи со паниката нема да се решат овие проблеми, туку треба луѓето кои се стручни да се соберат да разговараат и да ги надминат овие  предизвици, рече Мицкоски, повторувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ нуди на располагање своите капацитети. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата