Мицкоски: Ја испуштивте шансата да бидете искрен и чесен и да кажете дека не успеавте да ги средите работите во судството

28.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски: Ја испуштивте шансата да бидете искрен и чесен и да кажете дека не успеавте да ги средите работите во судството

Ја испуштивте шансата да бидете искрен и чесен и да кажете дека не успеавте да ги средите работите во судството. Мојот адвокат нема да го видите како пие кафе со државниот обвинител и му дава инструкции. Со овие зборови претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му возврати на претседателот на СДСМ Зоран Заев на забелешката дека не се согласува дека не се постигнати реформи во судството.

Ако порано беше Сваровски судство, денеска е Луј Витон судство. Последниот предлог за член на Судскиот совет е активист на СДСМ. Дента кога ја бираат, таа ги немаше исчистено фотографиите на социјалните мрежи со лидерот на СДСМ Зоран Заев. Но, суштината е во тоа дали ние политичаритеимаме волја да направиме реформи во судството, рече Мицкоски во ТВ-дуелот на Канал 5.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека дополнително Заев го слушаме како се јавува и зборува на телефон кој што да прави во судството.

Тоа го нема кај мене, такво нешто не може да слшнете, посочи Мицкоски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата