Боки 13: Рускоска е адвокат на две мафии во земјава

28.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Боки 13: Рускоска е адвокат на две мафии во земјава

Пред апелациските судии на јавна седница, Боки 13 повторно зборуваше за влошената здравствена состојба и лошите услови во затвор кои не му дозволуваат правилно лекување. Достави медицинска документација, но и резервација од авио-билети и резервираната вила на Миконос со објаснување дека на 15 јули лани не бегал, одел на одмор. Тврдењето на Вилма Русковска дека сакал да пребега во Грција не било точно.

- Русковска е адвокат на две мафии. Нема да кажам кои. За да излезам од притвор бев уценува од Русковска да кажам дека Катица е виновна, дека Фросина Ременски земала пари. Сакала да  ја бетонира оти немала докази, а ми беше кажано дека ако не сведочам вака, ќе биде обвинет и мојот татко, вели Боки 13.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата