Штипјанец ѝ понудил превоз на 19-годишна девојка, па ја силувал

28.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Штипјанец ѝ понудил превоз на 19-годишна девојка, па ја силувал

СВР Штип поднесе кривична пријава против Д.Р.(54) од Штип, поради силување.

Како што информираат од полицијата, тој на 7 декември во близина на автобуската станица во Штип ѝ понудил превоз до домот на девојката на возраст од 19 години.

Таа влегла во неговото патничко возило, по што мажот ја одвел во населба Пребег во Штип и со употреба на физичка сила извршил обљуба над неа.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата