GSMA: OnePlus 7T Pro е најдобар смартфон во 2019. година

28.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
GSMA: OnePlus 7T Pro е најдобар смартфон во 2019. година

Иако годинашниот Мобилен конгрес во Барселона е откажан, организаторот на овој настан – GSM Association, сепак, ги објави своите Global Mobile Awards во осум категории.

Главната категорија, секако е „Best Smartphone of 2019“, а титулата за најдобар паметен телефон во минатата година ја понесе OnePlus 7T Pro.

„Ова е практично ненадминлив уред од технолошка перспектива, со водечки процесор во класата, побрзо време на полнење на батеријата и одличен софтвер. Сеопфатен производ по достапна цена, а компанијата OnePlus, исто така, би требало да биде препознаена по импресивно успешната пазарна стратегија“, беше истакнато од 16-те судии, кои ги оценуваа уредите и ја доделија наградата.

Од нивното објаснување може да се заклучи дека посебно се импресионирани со цената на OnePlus 7T Pro, како и вкупната маркетиншка стратегија на смартфонот.

Извор: GSMA

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата