Доаѓа еднаш на 4 години - ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА СЕ НАПРАВИ НА 29 ФЕВРУАРИ

28.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Доаѓа еднаш на 4 години - ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА СЕ НАПРАВИ НА 29 ФЕВРУАРИ

Утрешниот 29 февруари е престапен, но ден со висока вибрација. Нумеролозите се позанимавале со неговото значење и на тој начин ни ја приближиле оваа престапна година.

Рано наутро 29.02.20 енергијата почнува да тлее во нашиот соларен плексус, кој е поврзан со нашите емоции и интуиција. Како што одминува денот, енергијата ќе добива сѐ поголем залет, па ќе имате чувство дека вашата енергија сѐ повеќе расте. Поради тоа немојте да се чудите ако интуицијата ви биде на високо ниво и честопати во денот ви се случат „дежа ви“ проблесоци.

Ако сте размислувале за идниот живот, утре, секако, е тој ден – почнете да работите на остварување на своите соништа.

Почекајте часoвникот да отчука 11:11, гледајте на часовникот цела минута, а потоа затворете ги очите и зачекорете во својата иднина. Мислете на она што длабоко сакате да се оствари и само чекајте. Ќе дојде!

Доколку тоа не сте го направиле во претпладневните часови, направете го тоа вечерта! Немојте да го пропуштите овој 29 февруари!

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата